Царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалсификувани и опасни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2018 година, соопшти денеска Европската Комисија.
Од нив фалсификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и на друг вид пијалаци.
Од Босна и Херцеговина највеќе пристигнуваат лажни пакувања, од Индија фалш информатички опреми, а од Камбоџа фалсификувани цигари.
Кинеските производи кои пристигнуваат на европскиот пазар и натаму најмногу ги прекршуваат европските правила на интелектуална сопственост, прецизира Европската Комисија.
Зголемен е бројот на фалсификувани мобилни телефони, тонери, и други производи од Хонг Конг.
Најчесто задржувани предмети на европските граници биле производите за домашна нега како лекови, играчки, и електрични направи во износ од 37 отсто, потоа цигарите со 15 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.