Седум лица загинаа, а најмалку 16 се водат за исчезнати, oткако туристички брод се судри со друг брод во Дунав во близина на центарот на Будимпешта, јави државната телевизија М1.

(фото: v4na.com)


На туристичкиот брод имало 32 патника и членови на екипажот во момент на несреќата што се случила во близина на зградата на унгарскиот Парламент.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќето туристи биле од Азија и дека едно лице по спасувањето е успешно реанимирано. Во тек е потрага по преживеани што се одвива по силен дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.