Полицијата во Лондон застрела маж вооружен со нож кој претходно повредил најмалку пет луѓе, јави британски „Телеграф“.

Инцидентот се случи на Лондонски мост, и според дел од очевидците, регистрирани биле најмалку 10 истрели од огнено оружје.

Извор од полицијата наведува дека маж нападнал луѓе со нож во близина на мостот, по што бил застрелан од полицијата.

Евакуиран е и делот околу Бороу маркет во Лондон по пријава за експлозија, но засега полицијата не го потврди тој напад.

Пред две и пол години тројца мажи изведоа терористички напад на Лондонскиот мост, во кој убија осум лица, а повредија 48.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.