Најмалку пет луѓе се убиени при пукање во Менхетн рано утрово, соопштила полицијата во Њујорк.

Полицајци биле во близина на инцидентот кога го виделе напаѓачот како пука и убива четворица луѓе околу 4 часот наутро.

Полицијата потоа го погодила осомничениот, 30-годишен маж. Тој е префрлен во болница во Харлем со повреди кои не се опасни по живот.

Според очевидците, група луѓе одела по улица кога маж застанал пред нив и почнал да пука.

За останатите жртви на престрелката се очекува дека ќе преживеат, соопштила полицијата. Мотивите на нападот сè уште не се познати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.