Во експлозијата на ракета за огномет загинаа најмалку осум лица , а педесетина се повредени пред самиот влез во црквата во место на 145 километри од главниот град на Мексико.
Експлозијата се случила во зори пред црквата во местото Текискипан во државата Кверетаро , каде жителите традиционално организираат процесија.
,,Нешто се расипа и експлодира” , изјавил шефот на итната служба , додавајќи дека меѓу загинатите има и две момчиња на возраст од 11 и 12 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.