Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека починал најмалку еден пациент кај кого била потврдена новата варијанта на коронавирусот, омикрон.

За жал заразените кај кои е регистриран сојот омикрон завршуваат во болница и најмалку еден пациент кој се заразил од овој сој почина – истакна Џонсон.

Британскиот премиер истакна дека треба да бидат внимателни.

Идејата дека ова е на некој начин поблага варијанта на вирусот треба да се стави на една страна, а од друга страна да се гледа пошироката слика и како тој забрзано се шири. Најдоброто нешто што можеме да направиме е да примиме бустер доза – изјави британскиот премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.