Најмалку девет луѓе загинале, а десетици други се ранети во напад врз џамија во cеверна Нигерија, за време на утринска молитва.

Полицискиот комесар Бала Курјас потврди дека нападот се случил во селото Бааре, во областа Машегу.

Командата на државната полиција веќе ангажираше безбедносни сили во погодената област за натамошна заштита на животите и имотот во оваа заедница – соопшти Курјас.

Полицијата е во потрага по осомничените напаѓачи.

Нападот се случува на помалку од два месеци откако вооружени напаѓачи убија 18 верници во џамија во селото Мазакука во истата област.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.