Напаѓач на 21 годишна возраст со калашников уби најмалку 22 лица во трговски центар во градот Ел Пасо во Тексас. Полицијата потврди дека еден напаѓач е во притвор, но според очевидците имало уште еден, по кого се трага. Напаѓачот со калашников пукал по купувачите и вработените во трговскиот центар во градот во непосредна близина на границата со Мексико. Луѓето во паника се криеја под штандовите , а на социјалните мрежи се појави и видео како со подигнати раце излегуваат од трговскиот.
На камерите се гледа и и ликот на напаѓачот кој застрелал 22 лица, при што има извештаи дека четири жртви биле деца. Осомничениот сега е во притвор. Полицијата во Тексас добила неколку пријави дека имало повеќе од еден напаѓач во супермаркетот во Сило Виста мол, иако тоа сè уште не е потврдено. Напаѓачот бил вооружен со пушка АК-47. Полицијата потврди дека еден маж, на возраст од 21 година, е приведен заедно со уште двајца.
Специјални едници, погранична полиција и војска, како и припадници на ФБИ се на местото на масакрот.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави на Твитер:
„Во Ел Пасо, Одделот за јавна безбедност во Тексас им помага на локалните полициски и федералните власти да ја завршат оваа трагедија на најбрз и најбезбеден можен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.