Најмалку 20 станари во зградата во која експлодира плинска боца се повредени , јавува полицијата.

Во експлозијата и пожарот во центарот на Париз има најмалку 20 повредени , голем број возила се оштетени , а зградата каде што се случила експлозијата е делумно изгорена.

Оштетувања има и на околните згради. Несреќата се случи околу 9 часот утрово во улицата Тревизо во деветттиот блок . Голем број пожарни возила и спасувачки екипи се на местото на несреќата, а полицијата забранува пристап во целиот тој дел од градот.

Се претпоставува дека причина за експлозијата и пожарот е неисправната инсталација за плин во пекарницата на приземјето на зградата.

Рано утринава во центарот на Париз се случила силна експлозија, јавуваат тамошните медиуми.

При експлозијата повеќе луѓе се повредени, а од фотографиите обајвени од местото на несреќата може да се забалежи дека од пожарот бил зафатен поголем дел од зграда.

Полицијата соопшти дека експлозијата веројатно била предизвикана од истекување на гас во пекара во центарот на градот. Портпаролката на полицијата во Париз изјави дека пожарникарите моментно се наоѓаат на местото на експлозијата. Таа рече дека неколку лица биле повредени, но за среќа загинати нема.

Како што изјави таа засега точниот број на повреди не се знае. Голем број полицајци, како и тимови на Брзата помош се присутни на самото место, а од населението се бара да ја избегнува областа каде што се случила експлозијата.

Во Париз, како и во другите градови во Франција, зголемено е нивото на безбедносните сили поради протестите кои се одржуваат од страна на „Жолтите елеци“ , а кој се најавени и за денеска попладне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.