Истрагата за најтешкиот масакр во историјата на Канада, како што ја нарече премиерот Џастин Трудо ,во кој што загинаа најмалку 18 лица во Нова Шкотска, би можела да биде сложена откако се објавени првите информации за осомничениот напаѓач.
„Вооружен човек ги однесе животите на најмалку 18 лица во текот на викендот“, рече премиерот на прес-конференција. Убиецот подоцна бил застрелан од полицијата.
„Оваа трагедија не требаше да се случи. Нема место за насилството кај нас“, рече тој.
Трудо најави дека „виртуелна“ почит кон жртвите ќе биде одржана во петок во 19 часот на Фејсбук:
„Ќе биде тоа можност да се слават животите на жртвите и да се биде со нивните семејства и пријатели“, рече тој.
Зошто се случи таков масакр, се прашуваше вчера наутро јавноста во земјата во неверување ,каде масовните престрелки се реткост.
Истражните органи на канадската федерална полиција се обидуваат да ги утврдат околностите и мотивите што го принудиле Габриел Вортман, 51-годишен стоматолошки техничар, да убие најмалку 18 лица во саботата вечер до неделата наутро.
Тој бил застрелан од полицијата во неделата попладне во близина на Халифакс, главниот град на Нова Шкотска, по крвавиот марш на патот долг 100 километри што траел повеќе од 12 часа.
Жртвите биле убиени на неколку локации. Канадските медиуми започнаа да ги идентификуваат: покрај офицерот Хајди Стивенсон, меѓу жртвите имало и медицинска сестра, учителка и неколку родители со деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.