Најмалку 16 лица загинаа, а деветмина се повредени, во неколку експлозии кои избувнаа рано изутринава во источниот дел на Авганистан во градот Џалалабад, соопштија локалните власти.
Според информацијата, цел на нападот била приватна градежна компанија во близина на аеродромот.
Прво биле извршени два самоубиствени напада на влезот од компанијата, а потоа тројца вооружени мажи влегле внатре и отвориле оган. Нападот траел повеќе од пет часови.
– Двајца напаѓачи ги активираа експлозивите кои се наоѓаа во нивните елеци, а други двајца беа застрелани од безбедносните сили, истакна портпаролот на провинцијата, Атаулах Хогиани.
Засега никој не преземал одговорност за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.