Најмалку 15 лица загинале, а тројца се водат како исчезнати, во големите поплави во кинеската провинција Шанси.
Како што објави кинеската државна телевизија, повеќе од 1,7 милиони луѓе се погодени од невремето, а околу 120.000 се евакуирани на безбедно.

Речиси 20.000 куќи се уништени, а околу 18.000 имаат посериозни штети.
Причинетата штета од поплавите се проценува на пет милијарди јуани (околу 775 милиони долари).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.