Билансот на загинати во силниот земјотрес што вечерва ја погоди Турција се искачи на 14, а повеќе од 300 се повредени, јавува „Ројтерс“ Земјотресот со магнитуда од 6,8 според Рихтер во 20:55 часот по локално време го погоди градот Елазиг на истокот од Турција, соопшти Управата за вонредни состојби и прородни непогоди.

(фото: Анадолија)

Во градот има голем број на урнати станбени згради и објекти, а засега не се знае точниот број на лица заробени под урнатините. Граѓаните се на улиците.

Според процените на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот го почувствувале намалку 20 милиони луѓе во Турција и соседните земји, Израел, Ирак и Сирија.

Според турската Управа за вонредни состојби, по главниот потрес биле регистрирани најмалку 35 последователни подземни удари со магнитуди меѓу 2,5 и 5,4.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.