Најмалку 13 лица загинаа денеска, а шестмина се повредени при принудно слетување на патнички авион на руската компанија „Аерофлот“, кој се запалил на московскиот аеродром Шереметјево, објавија руските медиуми.
Според најновите информации 13 лица загинаа, а шестмина се повредени. Еден број од патниците се водат како исчезнати, истакна неименуван извор.
Во авионот Сухој Суперџет-100, произведен минатата година, се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот. Компанијата „Аерофлот“ потврдила дека моторите на авионот на летот СУ1492 од Москва до Мурмански се запалиле при принудното слетување на московскиот аеродром.
Посадка пылающего Sukhoi Superjet 100 в Шереметьево. Пилоты – стальные люди pic.twitter.com/ETlzOHbUKw
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) May 5, 2019
Авионот се врати на аеродромот од технички причини. Огнот е изгаснат. Медицинска помош им е укажана на сите што било потребно, се наведува во соопштението.
Веднаш е формирана комисија за истрага на причините за авионската несреќа. Можно е пожарот на го предизвикал гром, кој удрил во моторот на авионот.
При аварийной посадке самолета в аэропорту Шереметьево погибли 13 человек:https://t.co/g1zDtLx5PV pic.twitter.com/1Y4lA8q2Cy
— ТАСС (@tass_agency) May 5, 2019
Радарот за следење летови Флајтрадар 24 покажал дека авионот направил два круга околу Москва и слетал по 45 минути.
Медиумите наведуваат дека задниот дел на авионот целосно изгорел, а спасувачките екипи се обидуваат да пронајдат преживеани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.