Најмалку 11 постари лица со ограничена подвижност ги загубија животите во пожар во пензионерски дом во рускиот регион Башкортостан на Урал, соопштија властите.
Пожарот избувнал околу три часот по полноќ по локално време во еден дом во селото Ишбулдино, се вели во соопштението на Министерството за вонредни состојби. Пожарот бил совладан три часа подоцна.
Четири лица успеаја да излезат пред да пристигнат пожарникарите – додава Министерството.
Во тек е истрага за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.