Најмалку 11 лица загинаа во воздушен напад на силите на НАТО во подрачјето на Херат, во западниот дел на Авганистан.

Претседавачот со Покраинскиот совет на Херат, Махди Хадид, потврди дека нападот врз возило со цивили бил изведен од беспилотно летало на НАТО.

Тој наведе дека во нападот загинале 11 цивили, пренесе Анадолија, додавајќи дека меѓу нив осум се деца.

Џејлани Фахрад, портпарол на Канцеларијата на гувернерот на Херат, изјави дека во нападот загинале и тројца Талибанци, како и дека е отворена истрага во врска со убиството на цивилите.

Нападот е изведен додека роднините се возеле кон дома. Биле нападнати додека биле во возилото, во кое немало членови на терористичка организација, изјави Али Кан, роднина на жртвите на нападот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.