Бразил има најлош ден од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа бројот на случаи скокна за 17.408, а забележани се и 1179 смртни случаи.

Вкупно во Бразил од почетокот на пандемијата забележани се 271.628 заразени, а 17.971 починати. Повеќе потврдени случаи во целиот свет има само во САД и Русија.

Експертите се во страв поради пукање на здравствениот систем поради големиот број болни и напоменува дека вистинскиот број на заразени е многу поголем, а врвот се уште не е достигнат.

Претседателот Жаир Болсонаро и натаму ја занемарува опасноста од пандемијата. Наспроти постојаниот раст на заболени и починати, Болсонаро и натаму бара од гувернерите да ја отворат економијата.

Светската здравствена организација ја прогласи Латинска Америка за ново жариште на пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.