Градоначалникот на Оукланд, Фил Гоф, ги повика жителите да се вакцинираат откако најголемиот град на Нов Зеланд за време на викендот влезе во четвртата блокада од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а загубите на градот поради рестриктивните мерки се речиси 22 милиони на ден.
Премиерката Џасинда Ардерн воведе седумдневна блокада на градот со два милиони жители поради еден случај на корона вирусот, нагласувајќи дека „подобро е да се спречи отколку да се лекува“.
Поради ваквиот пристап, многу светски експерти му оддадоа признание на Нов Зеланд за еден од најдобрите начини да се одбранат од корона вирусот во светот. Сепак на некои граѓани не им се допадна последната блокада и ја критикуваа одлуката на социјалните мрежи.
Фил Гоф рече дека градот ќе изгуби околу 200 работни места и 21,7 милиони долари на ден поради блокадата.
Приоритет мора да ни бидат вакцини во Оукланд со цел да се спречат идни блокади, да се заштитат работните места и приходите и да се осигура дека Оукланд може да учествува во економското закрепнување на земјата – изјави Гоф.
Според правилата на последната блокада, спортските и културните настани се откажани или одложени, а дојде и до сообраќаен колапс бидејќи луѓето во петокот при враќањето дома од работа мораа со часови да поминуваат низ полициски контролни пунктови.
Од почетокот на пандемијата, Нов Зеланд, земја со речиси пет милиони жители, регистрира повеќе од 2.000 случаи на Ковид-19, како и 26 починати од болеста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.