Поради страв од зараза со корона вирусот, рчиси две третини од Италијанците не се осмелуваат да јадат надвор од дома, без оглед на тоа то Италија ги укина рестриктивните мерки поради коронавирусот. Како што покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од „Фипе-Конкомстрио“, има драстичен пад на потрошувачката во угостителскиот сектор.
Откако беа олабавени рестриктивните мерки за спречување на ширење на вирусот, 72 проценти од Италијанците се уште немале појадок во ресторан, 67,9 проценти немале ручек надвор од дома, а 69,4 проценти не биле на вечера вон нивниот дом.
Во однос на причиите зошто не одат во бар или ресторан, истражувањето покажало дека кај 66,5 проценти од испитаниците постои страв од зараза.
Како причина зошто граѓаните не се одлучуваат да јадат во ресторан се и правилата за безбедност на рестораните. 41,5 проценти од испитаниците сметаат дека тие мерки ги прават одењето во ресторан многу понеудобно.
Причина за слабата посетеност на угостителските објекти е и тоа што за време на пандемијата, многу Италијанци работат од дома поради што тие обично немаат појадок или ручек надвор од дома.
Со повеќе од 35.000 смртни случаи од вирусот, Италија е шеста земја во светот по број на жртви, по САД, Бразил, Мексико, Велика Британија и Индија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.