Најголемата епидемија на колера што го погоди Малави во последните две децении однесе 750 животи, рече министерката за здравство на земјата, додека шефот на Светската здравствена организација ја опиша оваа југоисточна африканска земја како една од најтешко погодените во услови на тековни глобални епидемии кои се „пораспространети и посмртоносни од нормалните“.

Министерката за здравство на Малави, Хумбизе Кандодо Чипонда нареди затворање на многу фирми на кои им недостига чиста вода, тоалети и хигиенски објекти за отстранување отпад и најави ограничувања за продажба на готова храна.

„Продолжуваме да бележиме зголемен број случаи низ целата земја, и покрај знаците за намалена трансмисија и смртни случаи во неколку области“, се вели во соопштението на Чипонда, која повика на почитување на санитарните и хигиенските мерки.

Чипонда во средата рече дека 17 лица починале од 589 нови случаи „во последните 24 часа“.

Таа додаде дека во Малави се регистрирани 22.759 случаи од почетокот на епидемијата во март минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.