Кина објави дека забележала најголем број случаи на зараза со новиот тип коронавирус во речиси шест седмици, што е последица на сѐ поголемиот број враќања од странство, а кинеските власти се соочуваат со предизвиците да го спречат вториот бран од заболувањата со Covid-19.

Вкупно во неделата се регистрирани 108 нови случаи, што е раст во однос на 99 новозаразени колку што беа забележани ден претходно, и воедно е најголем број нови случаи откако на 6-ти март беа регистрирани 146 позитивни лица на коронавирусот.

Вкупниот број потврдени случаи во континентална Кина од почетокот на избувнувањето на епидемијата кон крајот на ланскиот декември сега изнесува 82.160 лица, додека бројот на смртните исходи се зголемил за два, на 3.341 лице.

Националниот комитет за здравство објави дека 98 случаи на заразата со коронавирусот се ткн „увезени“ и дека станува збор за луѓе кои дошле во Кина од други земји, што претставива нов рекорд во однос на овој показател од саботата, кога имаше 97 вакви случаи. Бројот на асимптоматсктие случаи паднал од 63, колку што изнесуваше во претходното деноноќие, на 61 лице.

Иако бројот на дневните случаи на инфекција со коронавирусот силно падна во однос на пикот на епидемијата во февруари, властите во Пекинг се загрижени дека лицата кои доаѓаат од странство може да го започнат вториот бран и повторно да ја вратат Кина во состојбата на речиси потполна парализа.

Северната покраина Хеилонгџианг објави дека регистрирала 56 нови случаи на Covod-19, од кои 49 кај лица кои допатувале од Русија со којашто граничи. Оваа граница беше затворена инаку во двата правца уште на почетокот од февруари.

Кинеските градови кои граничат со Русија во неделата објавија дека ќе ги зајакнат пограничните контроли и ќе воведат карантини по враќањето во земјата. Пограничниот град Суифене, како и Харбин, које административна престолнина на покраината Хеилонгџианг, објавија дека же бараат сите коишто доаѓаат од странство да останат во карантин 28 дена. Во Харбин, исто така, на 14-дневна самоизолацијата ќе бидат упатени граѓаните кај коишто тестовите ќе покажат дека се позитивни на коронавирусот или се асимптоматски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.