Во изминатото деноноќие во Фанција се регистрирани 1.695 нови заразени со корона вирус. Тоа е најголема дневна бројка од 30 мај, кога максимумот беше 1.828.
Како што соопшти француското министерство за здравство, вкупниот број на луѓе што биле позитивни на вирусот од почетокот на пандемијата се искачи на 194.029.
Бројот на пациенти на интензивна нега се намалил за четири, откако во претходните два дена имаше зголемување на оваа бројка.
Сега на одделенијеата за интензивна нега во болниците во Франција има 384 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.