Бројот на починати од коронавирус достигна нов врв во Русија, со 153 заразени пациенти кои починале од саботата, соопштија денеска властите во Москва.

Сега има 3541 смртни случаи поврзани со коронавирус. Повеќе од 344.400 луѓе се заразени низ целата земја, а околу 113.000 се опоравени.

Бројот на лица потврдени дека починале од вирусот во Русија е релативно мал. Неодамна, во неколку медиуми имало извештаи дека многу смртни случаи не се појавуваат во статистиката, но владата остро го негира тоа.

Властите посочуваат дека пандемијата ја погодила Русија подоцна од многу европски земји.

Вирусот за прв пат избувна во Кина, а Русија се затвори релативно брзо поради долгата граница со таа соседна земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.