„Вирусот мора да прошири и низ детската популација, а можеби е најдобро тоа да се случи кога ќе биде најслаб, за време на летото“, смета епидемиологот Предраг Кон, член на српскиот Кризен штаб за борба против ковид-19.

Според д-р Кон, во тамошното министерство за образование се дебатира за начинот на кој ќе треба да продолжат да работат училиштата. Тој смета дека градинките треба да се отворат, бидејќи родителите мора да почнат да одат на работа и ќе немаат друг избор.

Животот мора да продолжи“, вели Кон.

Фазно враќање на учениците на настава најавија Франција и Холандија. Францускиот министер за образование Жан Луис Бланкер најави дека училиштата ќе почнат со работа на 11. мај и први на училиште ќе се вратат децата од 5 до 7 години.

Истиот термин за почеток на наставата го најави и Холандија. Таму, половина од учениците ќе одат на училиште еден ден , а другата половина наредниот ден.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.