По три недели потрага, полицијата во Британска Колумбија, Канада ги најде телата на тинејџерите Кам Меклеод (19) и Брајан Шмегелски (18).
Двајцата тинејџери беа осомничени дека убиле универзитетски професор и двајца млади туристи, и полицијата интензивно трагаше по нив.
Полицијата не го откри начинот на кој момчињата од Порт Алберни починале, наведувајќи дека се чека резултатот од аутопсијата со кој прво треба да се потврди нивниот идентитет и причината за смртта, пренесуваат британските медиуми.
Шмегелски и Меклеод, споед сомненијата на полицијата, брутално ги убиле Австралијката Џина Диз (24) и нејзиниот партнер, американскиот државјанин, Лукас Фаулер (23), кои го шетале светот откако својата љубовна приказна ја почнале на јадранскиот брег, наведува „Јутарњи лист“.
Младата двојка патувала со автомобил, а нивните изрешетани тела биле пронајдени веднаш до автомобилот на автопат во Британска Колумбија.
Четири дена подоцна полицијата на околу 500 километри подалеку, кај Диз Лејк, го пронајде спаленото тело на Канаѓанецот Ленард Дајк (64), универзитетски професор, а два километра јужно оттаму беа најдени и остатоци од запалениот „караван“, што им припаѓал на тинејџерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.