Во последните 24 часа починаа 368 луѓе заболени од коронавирусот во Италија, што е црн рекорд за земјата. Специјалниот комесар Анџело Борели соопшти дека во земјата има и 2.853 новозаразени, што исто така е рекорд за еден ден, а од почнувањето на кризата севкупно се заразиле 27.747 луѓе.
Вкупниот број на починати е 1.809 лица, а досегашниот црн рекорд беше остварен пред два дена, кога имаше 250 мртви за само 24 часа.
Ситуацијата е најтешка во регионот Ломбардија, каде што има нови 252 починати.
Италија веќе неколку дена е во целосен карантин, а отворени се само продавници за храна и аптеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.