Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Канада нагло се зголеми и официјалните лица се заканија со казни за граѓаните кои не ги почитуваат мерките за да спречат ширење на болеста.
Во Канада, до полноќ во неделата, 20 луѓе починаа од инфекција со коронавирусот, седум повеќе од претходниот ден, соопшти Отава. Бројот на потврдени случаи на инфекција се искачи на 1.430, од 1.099 во саботата. Заразата се прошири во сите 10 канадски провинции.
Отава одреди самоизолација од 14 денови за граѓаните кои се враќаат од странство. Министерката за здравство, Пети Хајду им се закани со казни според законот за карантинна оние што ја прекршуваат одредбата.
Канада веќе ги затвори своите граници, дозволувајќи само најнеопходно патување. Тие, исто така, најавија пакет мерки за олеснување од 27 милијарди американски долари за граѓаните и деловните субјекти, најтешко погодени од епидемијата.
Премиерот Џастин Трудо рече дека ќе бидат преземени и дополнителни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.