Над три милиони Американци се заразени со ковид-19, а Флорида се соочува со закана од недостиг на болнички кревети во единиците на интензивна нега.

Калифорнија, Хаваи, Ајдахо, Мисури, Монтана, Оклахома и Тексас денеска забележаа рекорден број на новозаразени, со најголем скок во двете најголеми американски сојузни држави – Тексас и Калифорнија, со над 10.000 нови случаи во еден ден.

Само во Тексас бројот на хоспитализирани пациенти во две недели е двојно поголем.

Поради ширење на заразата се повеќе Американци се тестираат за ковид-19 во градските подрачја на Флорида, Луизијана и Тексас, каде се отворени дополнителни пуктови за тестирање.

Од тешки белодробни заболувања предизвикани од вирусот во САД досега починале над 131.000 Американци, а само денеска има 923 смртни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.