Американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, соопшти дека 99,2 проценти од луѓето во САД кои починале од последици од Ковид-19 не биле вакцинирани.

Фаучи изјави дека повеќето од тие смртни случаи можело да бидат избегнати со вакцината, но тоа не се случило.

Тој апелираше до граѓаните да ги остават настрана сите разлики и да разберат дека Ковид-19 е заеднички непријател.

Фаучи исто така истакна дека САД се многу среќни што имаат доволно вакцини за да ги заштитат сите граѓани.

Во САД над 621.000 луѓе починаа од почетокот на пандемијата со Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.