Со најмалку 657 заразени најголемата германска кланица и фабрика за производство на свинско место „Tönnies“  стана ново жариште на корона. Производството е стопирано, а во округот на Гитерсло, каде се наоѓаат погоните, затворени се сите училишта и детски градинки.

Околу 7000 луѓе мора да бидат во карантин

Од фирмата соопштија дека можни причини на зараза се ниските температури во халите, како и заминувањето на работниците дома во текот на неодамнешните празници. Многу вработени доаѓаат од Романија, Бугарија и Полска.

Во јавноста веќе почнаа да се шират инфорамциите дека работниците напорно работат, безбедноста не им е загарантирана и дека живеат во тешки услови и земаат мизерни плати.

Германската компанија  за месо отфрла  секаква  одговорност за овие услови за работа, бидејќи често вработува работници преку посреднички компании и договори за вработување.

Второто жариште е  во берлинскиот округ, каде има карантин  на стотици жители на неколку градежни комплекси.

Инаку во округот Гитерсло, каде над 7000 луѓе се во карантин, живеат и многу македонски семејства.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.