Повеќе од 5.000 диви птици преселници унреле како последица на птичји грип во природниот резерват Хула во северниот дел на Израел.

Властите го прогласија популарното место затворено за посетители и најавија можен недостиг на јајца бидејќи во тој дел на земјата е почната акција за уништување на домашната живина поради претпазливост.

Ова е најлошиот удар за дивите животни во историјата на нашата земја – напиша израелската министерка за животна средина, Тамар Зандберг, на својот твитер.

Припадниците на надлежната служба собирале умрените диви птици во заштитни одела од езерото во природниот резерват Хула и од околните мочуришта и бари.

Израелските медиуми предупредија дека децата кои го посетиле резерватот можеби биле во контакт со вирусот и на тој начин придонеле за ширење на инфекцијата, а израелските власти најавија увоз на јајца за да спречат недостиг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.