Велика Британија денеска пријави 532 смртни случаи од последиците на коронавирус, што е најголем пораст на дневно ниво од 12 мај оваа година, кога имаше регистрирано 614 жртви, покажуваат податоците на Владата на Велика Британија.

Ова е исто така голем пораст на бројот на починати во однос на понеделник, кога беа забележани 194 смртни случаи.

Ројтерс наведува дека е можно овој биланс да е одраз на задоцнетите извештаи за бројката на починати за време на викендот.

Од друга страна, бројот на нови случаи е намален во однос на понеделникот. Велика Британија денеска пријави 20.412 новозаразени, додека во понеделник тој број изнесуваше 21.350.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја се заразени повеќе од 1,2 милион луѓе, а починати се 49.770 лица, покажуваат податоците на „Worldometers“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.