Повеќе од 160 мигранти се удавиле во близина на брегот на Либија минатата недела, обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземно Море,.

Најмалку 102 мигранти се удавија откако се преврте дрвен чамец, а осуммина беа спасени и вратени на брегот – изјави портпарол на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Сада Мсехли.

Тој додаде дека три дена подоцна, најмалку 62 мигранта настрадале во друга несреќа.

Оваа година во Медитеранот се удавиле околу 1.500 луѓе, а околу 31.500 биле пресретнати и вратени на брегот.

Либија е главната транзитна точка за сите мигранти кои од Африка се обидуваат да стигнат до Европа.

Трговците со луѓе превезуваат мигранти во преполни и лоши чамци, гумени или дрвени, кои често се превртуваат во Средоземното Море.

Мигрантите, пак, кои се враќаат на брегот на Либија многу често се испраќани во центри за притвор каде што се малтретирани, тепани, силувани, изгладнувани и принудени да работат.

Од ИОМ соопштија дека насилството во либиските притворни центри може да се опише како злосторство против човештвото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.