Водечки германски научници ѝ предлагаат на владата постепено укинување на мерките за сузбивање на ширењето на вирусот, вклучувајќи повторно отворање на училиштата, градинките, рестораните и продавниците и укинување на забраната за патување.

На германската влада и предлагаме составување план за постепено враќање во нормална состојба, се наведува во листата препораки кои за Националната академија на науки Леполдина ги составиле 26 научници од различни области.

Предуслов за тоа е задржување на бројот на новозаразени на „ниско ниво“ за здравствениот систем да не биде оптоварен и одржување на хигиената, безбедната дистанца и задолжително користење заштитни маски во јавниот превоз, истакнуваат научниците.

Во планот на Академијата за нормализација е и укинувње на забраната за патување, отворање на продавниците и државните канцеларии.

Канцеларката Ангела Меркел и премиерите на сојузните покраини треба да се сретнат утре и да разгледаат евентуално ублажување на строгите мерки кои траат до крајот на неделата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.