Cеверна и Јужна Кореја, САД и Кина начелно се договорија да прогласат формален крај на Корејската војна. Но, преговорите допрва треба да почнат поради барањата на Пјонгјанг – изјави јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин.

Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, заврши со примирје, а не со мировен договор. Оттогаш, Cеверна и Јужна Кореја се технички во војна.

Ким Јо-Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, во септември сигнализираше дека нејзината земја може да биде отворена за преговори, но само доколку САД се откажат од, како што ја нарекоа, „непријателската политика“ против Пјонгјанг.

САД постојано повторуваат дека Cеверна Кореја мора прво да се откаже од своето нуклеарно оружје пред да бидат укинати какви било санкции.

Јужнокорејскиот претседател објасни изјави дека Cеверна Кореја продолжува да го поставува своето барање како предуслов за разговори.

Затоа не сме во можност да седнеме да разговараме или да преговараме за декларацијата. Се надеваме дека ќе бидат иницирани разговори – истакна Мун на заедничката прес-конференција во Канбера со австралискиот премиер Скот Морисон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.