Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил тајно лишен од овластување да нареди нуклеарен напад или да почне воена акција во последните хаотични денови во Белата куќа.
Двајца ветерани на „Вашингтон пост“, новинарите Боб Вудворд и Роберт Коста, во книга што треба да биде објавена наскоро, наведуваат нови драматични детали за избезумениот обид на Трамп да ги отповика резултатите од претседателските избори во 2020 година и да остане на власт.
Генералот Марк Мили, началник на Здружениот ГШ на САД, презел дотогаш невиден чекор со наредба кон други високи генерали да се консултираат со него пред да извршат какви било важни наредби, кои Трамп би можел да им ги даде, по упадот во Капитол Хил на 6 јануари.
Невозможно е да се каже што може да направи. Знаете дека е луд. Тој е луд долго време – му рекла претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, на Мили во разговор на 8 јануари за менталната состојба на Трамп.
Се согласувам со тебе за се – одговорил Мили, според транскриптот на повикот.
Кога Пелоси му се јавила на Мили на 8 јануари, тој и рекол дека презел чекори за да го спречи Трамп да почне конфликт, иако нема докази дека планирал такво нешто. Мили не го известил Трамп за новиот протокол според кој од генералите се бара да контактираат со него пред да применат претседателски наредби.
Можам да ви гарантирам 110 проценти дека војската, употребата на воена моќ, без разлика дали е нуклеарна или напад врз странска земја од кој било вид, оти нема да направиме ништо нелегално или лудо – рекол Мили.
Што мислите, нелегално или лудо? – прашала Пелоси.
Најдоброто што можам да го направам е да ви дадам збор. Ќе спречам такво нешто во американската војска – одговорил Мили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.