Иако министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, со посредство на Русија договорија прекин на огнот во Нагроно Карабах, на терен продолжуваат борбите.
Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека имало нови напади азербејџанската армија, но тие биле одбиени од силите на Нагорно-Карабах.
Претходно и претставници на силите на Нагорно-Карабах соопштија дека одбиле напад на армијата на Азербејџан во северо-источен правец.
Нашите единици го пресекоа нападот на непријателските сили и уништија две оклопни возила и нанесоа загуби во живата сила – се наведува во соопштението.
Претходно, Баку соопшти дека ерменската армија го гранатирала вториот по големина град во Азербејџан, Ганџа.
Шефот на азербејџанската дипломатија Џејхун Бајрамов го извести рускиот копретседавач на Минск-групата, Игор Попов дека и покрај договорот за прекин на огнот од хуманитарни причини, ерменската армија намерно гаѓала цивилни објекти и граѓани во Азербејџан.
Тој додаде дека во гранатирањето на Ганџа повредени се 35 цивили.
Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан ги негираше обвинувањата на Азербејџан дека Ереван не го почитува примирјето.
Во меѓувреме, Црвениот крст соопшти дека чека апсолутен прекин на огнот во Нагорно-Карабах за да почне со хуманитарната мисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.