Самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун заврши неуспешно. Сепак, остави трага, барем на социјалните мрежи, каде што се појавија интересни видеа од Ханој.

Ким има многу телохранители, што е доста маркантно, но овојпат славата ја понел нивниот лет во кола во движење. Како и секогаш костумосани во црни одела еден по еден скокаат во автомобил во движење.

На Твитер се појавија интересни конемтари зошто толку им се брзало на телохранителите на Ким.

„Можеби бегаат од Трамп? Кој влее последен, мора да го баци Трамп“, гласи еден од коментарите.

Момците кои трчаат покрај лимузината на Ким имаат светска слава, Дел се од Канцеларија 6 на Комунистичката партија, позната како Главна канцеларија за аѓутанти.

Се регрутираат од Корејската народна армија, мораат да бидат иста висина како лидерот, да имаат добар вид, добро да гаѓаат, да пукаат од пиштол и да знаат боречки вештини. Личното обезбедување на Ким е дел од Врховната гарда која го штити владејачкото семејство на Северна Кореја со децении.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.