Канадските работодавачи отпуштаат или ги праќаат на неплатено отсуство работниците кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19.

Невакцинираните работници во Канада, во која повеќе од 83 отсто од граѓаните постари од 12 години примија вакцина, ги затрупаа адвокатите со барања, пренесе Ројтерс.

Авио-компанијата „Ер Канада“ и „Вестџет“, во кои повеќе од 90 отсто од персоналот се вакцинирани, суспендираа стотици работници кои не се вакцинирани, а од новите бараат да примат вакцина.

Агенциите за сообраќај од Торонто пратија стотици вработени на неплатено отсуство и го намалија обемот на некои услуги.

Болница во Отава, најголемата во престолнината на Канада во која повеќе од 99 отсто од персоналот се вакцинирани, прати 186 луѓе на неплатено отсуство откако не успеале да докажат дека се вакцинирани.

Задолжителната вакцинација беше централен дел на кампањата за повторен избор на канадскиот премиер Џастин Трудо во септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.