Претседателот на САД, Доналд Трамп за прв пат по изборите се појави денеска во јавност.

Тој, како што беше најавено, присуствуваше на церемонијата за одбележување на Денот на ветераните во придружба на сопругата Меланија Трамп потпретседателот Мајк Пенс.

Трамп им оддаде почит на паднатите борци од Првата светска војна на гробиштата во Арлингтон.

Интонирана е американската химна, а во текот на церемонијата со плотунска палба одадена е чест на војниците.

Според официјанотоброење на гласовите, Трамп на изборите на 3 ноември, изгуби од противкандидатот Џо Бајден, но тој и неговиот тим не сакаат да ја признаат победата на Бајден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.