Црногорската полиција соопшти дека на бродот „Будва“ во грманското пристаниште запленети биле 500 килограми кокаин, така што прекинета е уште една меѓународна рута за шверц на кокаин од Јужна Америка кон Европа.
На заедничката акција во Хамбург учествувале агенти на американската агенција ДЕА и полицијата на Велика Британија, Португалија, Шпанија, Германија и Холандија.
Црногорските медиуми јавувија дека бродот „Будва“ пловел под црногорско знаме, на него бил црногорски екипаж , а бродот пристигнал во пристаништето на Хамбург во петокот малку после 22 часот.
Според информациите на весникот „Вјести“, бродот на 19 април испловил од Казабланка, Мароко, за Хамбург каде требло да преземе житарки за некое од пристаништата во Западна Африка.
На глобално ниво сè почести стануваат апсењата на црногорски морепловци за шверц на големи количини кокаин. На крајот на февруари, во меѓународна акција координирана од црногорската полиција во водите на Венецуела на бродот „Ареса“ запленети беа пет тони кокаин, а четворица црногорски морнари беа уапсени.
Кон средината на минатата година, црногорските морнари беа уапсени во рекордна заплена на кокаин во САД.
Американските власти тогаш пронајдоа 20 тони кокаин во пристаништето на Филаделфија, на бродот „МСЦ Гајана“. Од шесте морнари уапсени на тој брод, четворица беа црногорски државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.