Велика Британија најверојатно ќе биде погодена од најтешката економска криза во неколку векови, откако економските активности практично замреа како резултат на пандемија на коронавирусот. Тоа го предупреди денеска еден од стратезите на Банката на Англија.
Јан Влиег, член на комитетот за каматни стапки на Банката, предупреди дека „врз основа на раните показатели и искуството на другите земји досега погодени од пандемиската криза, се чини дека се соочуваме со економски пад што е побрз и подлабок од се што сме виделе во минатиот век, а можеби и повеќе векови наназад“.
– Пандемијата и мерките за изолација предизвикаа драматичен шок во каналот за снабдување затоа што луѓето не работат, но и во каналот за побарувачка, бидејќи карантинот ги наруши моделите на обична потрошувачка, рече Влиег. Тој додава дека индексот PMI покажува, на пример, дека секторот за финансиски услуги се справува многу подобро со кризата отколку производството или текстилната индустрија.
Министерството за финансии и економија соопшти дека Владата ќе треба да позајми 180 милијарди фунти (223 милијарди американски долари) во наредните три месеци за да плати за невидени мерки што ги презеде за да се спречи колапсот на економијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.