Еден човек бил уапсен откако учествувал во групната прегратка пред седиштето на лондонската полиција, во знак на протест против мерките на затворање поради епидемијата на коронавирусот.

Група луѓе вчера се прегрнала пред зградата на британскиот Скотланд Јард во близина на зградата на парламентот, а некои од нив носеле транспаренти со натпис “Мое тело, мој избор”.

Во групата од околу 20 луѓе имало и две деца, пренесува лондонски “Standard”.

Полицајците им кажале на демонстрантите да одат дома, а уапсен бил и човекот кои им се спротивставил.

На снимката која е објавена на сајтот на “Стандард” се гледаат полицајци кои го приведуваат човекот, кој извикува “Не прифаќам” и “Спротивставете се”, а на снимката се гледа и дека полицајците не носат маски.

Во Велика Британија се забранети сите видеово на собирања во рамките на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.