За еден месец Бразил може да се соочи со колапс на својата економија, недостиг на храна и социјален распад поради рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, предупреди министерот за економија Пауло Гедес.

Засега луѓето имаат пари, но во рок од 30 дена може да почне да снемува производи од полиците на продавниците, производството ќе биде нарушено и ќе се најдеме во ситуација на економски колапс и социјален распад, рече тој.

Во последните 24 часа во Бразил од Ковид-19 починале уште 610 лица со што вкупниот број на жртви стана 9.146. Досега се заразени 135.106 луѓе, 9.888 повеќе од претходниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.