Соочен со повторното влошување на индикаторите за епидемија, премиерот на Франција Жан Кастекс уште еднаш упати предупредување за циркулацијата на Ковид-19. Тој ги покани Французите да останат будни за време на прославата на празниците, за да можат да се надеваат дека ќе го поразат вирусот, јави дописникот на МИА.

Една недела од постепеното излегување од делимичмиот карантин, планиран за 15 декември, како и со приближувањето на празниците на крајот на годината, извршната власт е загрижена по неодамнешното влошување на индикаторите за епидемија. Соочени со обновување на контаминациите, кои секој ден се приближуваат на нешто повеќе од 15 000 случаи, Жан Кастекс, Оливие Веран и Жералд Дарманан беа принудени да препознаат дека по подобрувањето на здравствената ситуација во земјата, „се уште е далеку победата“.

Во обид да се ограничи прогресијата на Ковид-19 владата на Франција донесе „построги правила“, бидејќу земјата се уште е во вториот бран и е далеку целта на 5.000 нови случаи дневно пред 15 декември

Ако не смениме ништо, ризикот е „вториот бран да почне повторно во наредните недели, во моментот кога сериозните случаи повторно почнуваат да се зголемуваат, предупредија министрите.

Од 15 декември ќе се воведе полициски час од 20 до 6 часот, а не од 21 до 7 часот, како што првично беше предвидено. Ова ноќно затворање ќе биде „строго контролирано“, а практикувањето на спортот нема да биде одобрено. Секој престапник ќе одговара со парична казна од 135 евра и ќе биде потребно да се има потврда со која се оправдува едно од следниве исклучоци: – професионални причини; неодложни семејни причини; мисии од општ интерес; медицински причини; инвалидно лице и придружно лице; потреба за миленичиња.

На 15 декември, нема потреба од потврди и се укинува границата на движење во текот на денот од повеќе од 20 километри, односно Французите ќе можат да патуваат од еден во друг регион без потврда во текот на денот, пред полицискиот час.

Исклучок од полицискиот час е 24 декември, за Бадник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.