На Борис Џонсон ќе му се суди за наводно „лажење и доведување на британската јавност во заблуда“ за последиците од брегзитот.
Британска судијка го повика конзервативниот пратеник да се појави на суд откако активистот Маркус Бал поднел приватна тужба за тврдењата дека трошоците на членството во ЕУ биле 350 милиони фунти неделно.
Окружната судијка Марго Колман ги отфрли аргументите од адвокатите на Џонсон дека случајот е „вознемирувачки“ обид да се поткопа резултатот од референдумот во 2016 година.
Во писмената пресуда изречена во средата се вели: „Имајќи ги предвид сите релевантни фактори, јас сум задоволна што ова е соодветен случај за издавање покана како што е побарано за трите кривични дела вака како што се подготвени.“
Бал ја поднел приватната тужба по изборите во 2016 година и оттогаш собрал повеќе од 200.000 фунти преку краудфандинг-кампања „Правда за брегзит“.
Адвокатите што го претставуваат Бал поднесоа барање Џонсон да се повика на суд, тврдејќи дека тој намерно ја заведувал јавноста за време на референдумската кампања, а потоа ја повторил изјавата за време на изборите во 2017 година.
Џонсон негираше дека е виновен за што било и го нарече потегот „политички трик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.