Министерот за исламски работи на Саудиска Арабија Абдулатиф ал-Шеик цврсто стои зад новата наредба за ограничување на волуменот од звучниците на џамииите, бидејќи ваквата одлука доаѓа по бројните поплаки за прекумерна бучава од самите граѓани на најголемата муслиманска држава во светот.

Министерството за исламски работи порача дека звучниците треба да бидат подесени на не повеќе од една третина од нивниот максимален волумен.
Употребата на звучници, исто така, се ограничува само повик за молитва, а не и за емитување на целосните беседи.

Иако одлуката предизвика бурни реакции од конзервативите на социјалните мрежи, министерот уште еднаш порача дека таа е донесена поради поплаките. Гласните звучници им пречат не само на децата, туку и на постарите граѓани, порача тој.

На оние што сакаат да се молат, не им треба да го чекаат повикот за молитва  на имамот. Тие веќе треба да се во џамија, рече ал-Шеик во видео-обраќање објавено од државната телевизија.

Неколку телевизиски канали ги емитуваат и молитвите и рециталите на Куранот, додал министерот, сугерирајќи дека звучниците имаат ограничена намена.

Но, во земјата во која има десетици илјади џамии, многумина ја поздравија наредбата за намалување на нивото на децибели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.