Една жена позитивна на корона вирус, која ја посетила едно кафуле од познатата франшиза „Страбакс“ во Сеул заразила 27 луѓе. Меѓу заразените не се четворицата вработените во кафулето чии лица биле заштитени со маски.

Оваа ситуација со „Старбакс“ зборува многу за улогата на маските во заштитата од коронавирусот. Можеби нема да обезбедат 100 отсто заштита, но во моментов нема ништо поефикасно – вели докторката Ма Санг Хјук.

Таа предупредува дека в0русот лесно може да се прошири таму каде што луѓето не можат да носат маски цело време, на пример, додека јадат или пијат, за што сведочи и случајот со јужнокорејскиот „Старбакс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.