Светлана Кривоногиќ, жената која многу медиуми ја наведуваат како љубовница на Путин со која тој има вонбрачна ќерка, управувала со една од неговите загадочни офшор компании, а поседувала имот од над 100 милиони долари кој вклучувал јахти, луксузни апартмани во Москва и Санкт-Петербург, сугерираат протечените „Пандорини“ документи – збирка на 12 милиони документи од 14 нелегални компании ширум светот, пишува Јутарњи.

Имотот на Светлана веројатно е дел од големиот нелегално стекнат имот на Путин за кој документите велат дека се наоѓа во Монако. Што точно имала оваа жена?

Трансакцијата од 2003 година открива дека офшор компанијата „Brockville Development Ltd.“ контролирана од Светлана купила луксузен стан веднаш над казиното за 3,6 милиони евра. „Brockville Development Ltd.“ е офшор компанија регистрирана на Британските Девствени Острови. Фирмата истовремено е во сопственост на две други фирми регистрирани во Панама – „Sefton Securities“ и „Randor Investments SA“.

Како сопственик на луксузен стан на четвртиот кат, Кривоногиќ имала на располагање две паркинг места, користење на базенот во комплексот „Стар Монте Карло“ и поглед на луксузните мегајахти во марината. Кривоногиќ има портфолио на имот од 100 милиони долари, кое вклучува луксузни апартмани во Санкт Петербург и Москва, но и јахта.

Според извештаите на медиумите, заднината на Светлана е скромна. Таа пораснала во стан каде кујната и бањата ги делеле пет семејства. За време на студиите за бизнис, работела како чистачка во продавница. Кон крајот на 90-тите, таа го запознава Владимир Путин и оттогаш нејзиниот живот се менува. Во 2020 година, независната руска истражувачка агенција „Проект“ тврдеше дека Кривоногиќ се спријателила со Путин додека тој бил заменик-градоначалник на Санкт Петербург. Наводно, таа станала љубовница на Путин.

Без оглед на природата на нивната врска, сигурно е дека тие имале блиска врска, како што беше потврдено со заедничко патување со ист авион кога Путин дојде на власт во 1990-тите. Во 1998 година, тој стана шеф на руската шпионска агенција ФСБ, а потоа премиер и во 2000 година претседател. Три години подоцна, во март 2003 година, Кривоногиќ роди ќерка, Елизабета. Според тврдењата на весникот „Проект“, таа е ќерка на Путин.

Кремљ не го коментираше приватниот живот на Путин, а во јавноста е познато дека тој и неговата сопруга Људмила имаат две ќерки, Маша и Катерина. Двојката се разведе во 2013 година. Људмила често објавува фотографии од нејзиниот луксузен живот, патувања и забави на социјалните мрежи. Но, таа секогаш ги избегнуваше прашањата за Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.