Откако Еквадор му го укина ализот, лондонската полиција во четвртокот наутро го уапси основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој пред речиси седум години доби засолниште во еквадорската амбасада во Лондон.
Веднаш после апсењето, од хрватскиот весник „Јутарњи лист“ разговараа со хрватскиот филозоф Среќко Хорват, кој бил пријател со Асанж и во амбасадата за последен пат го посетил во ноември минатата година.
За мене ова не е изненадување, но сум шокиран, пред сè, поради фотографиите од човекот кој британската полиција го изнесува надвор. Тоа е човек кому, пред сè, му е потребна лекарска помош во овој момент. Тој моментално се наоѓа во подрумот на лондонската полиција, на уште полошо место отколку во eквадорска амбасадата, рекол Хорват.
Хорват додава дека со Асанж се познаваат со години, дека се пријатели и дека лично сучувствува со него. Тој раскажува и анегдота за да покаже колку му било тешко на Асанж во изолација, без можност да излезе надвор.
На една од нашите последни средби му однесов шише со вода од Јадранското Море и прво што направи, спонтано, се напи една чаша од морската вода само за да вкуси како е тоа, се присетува Хорват.
Тој нагласува дека сега се случило она што сите што го поддржуваат го зборуваат со години – дека постои барање за негова екстрадиција, издадено од американските власти, иако британските служби досега одбиваа да потврдат или да негираат дека тоа постои.
Дури кога го повлекоа азилот, што е противзаконско според еквадорскиот закон, британската полиција го приведува, а Тереза Меј пушта информација во јавноста дека постои барање за екстрадиција во САД, вели Хорват, кој верува дека британската премиерка има и лична корист од апсењето бидејќи го одвлекува вниманието на јавноста од лошата бесконечност на Брегзит.
Според Хорват, што и да мисли некој за Асанж, за неговите ставови, ова е преседан кој сигурно радикално ќе ја промени иднината на новинарството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.